Во соседна Србија на сила се новите мерки, кои наликуваат на досегашните со таа разлика што сега  угостителските објекти со тераса може да да работат, но само на отворено.

Кафулињата и рестораните кои немаат тераса, ќе продолжат да продаваат само храна и пијалаци за носење, но доставата на храна ќе биде дозволена 24 часа дневно, седум дена во неделата.

И бидејќи објектите може да работат само на терасите, а денес заврна снег, се очекуваше дека воопшто нема да имаат гости.

Но некои не издржаа да не се напијат кафе, па макар и на снежни услови.

Кога пиете кафе во кафуле, а на располагање имате само тераса ниту снегот, ниту дождот нема да ве  запрат.

 

@ivanglembayPoštivanje mjera…isključivo samo na terasama 👌♬ original sound – Glembay caffe bar