logo
logo
logo

Ќе биде запаметен по легендарната „Циркотека“

ТАЖНА ВЕСТ: ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ НОВИНАР И ПУБЛИЦИСТ Рамуш Муарем

Vecer | 04.05.2026

ТАЖНА ВЕСТ: ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ НОВИНАР И ПУБЛИЦИСТ Рамуш Муарем

Починa познатиот активист, хуморист, новинар и публицист Рамуш Муарам – Цирко, извести Рома Прес. Колегите од медиумот велат дека е загубен силен глас на човек со храброст, дух и вистина во секој збор.

„Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш врежани во нашата заедница. Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен“, пишуваат од Рома Прес.

Муарем подолг период се борел со болест, а зад себе остава значаен белег во медиумскиот и јавниот живот.

Информацијата за неговата смрт ја сподели и Габриел Бајрам, син на поранешниот политичар Амди Бајрам, кој се прости со емотивна порака.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk