Во неделата што е пред нас, небото носи една од оние суптилни, но длабоки промени кои не се гледаат веднаш – но и тоа како се чувствуваат. Плутон тргнува ретроградно на 6 мај и започнува бран на внатрешни преиспитувања кој, на овој или оној начин, ќе го допре секој знак на Зодијакот.
Ако имате впечаток дека работите се забавуваат, дека нешто ве тера да застанете и да размислите – не сте единствени. Токму таа енергија на ретроградниот Плутон бара од вас да погледнете под површината, таму каде што се кријат одговорите кои можеби долго сте ги избегнувале.
Оваа недела, од 4 до 10 мај, не е за нагли потези. Таа е за увиди кои го менуваат правецот.
Плутон ретрограден – време за лични пресврти
Кога Плутон е ретрограден во Водолија, фокусот се преместува од надворешните случувања кон внатрешниот свет. Тоа значи дека можеби повеќе ќе размислувате за односите, личните граници, но и за тоа што навистина сакате.
По интензивната енергија на полната Месечина во Скорпија, доаѓа момент да се приберете. Почетокот на неделата носи желба за нови почетоци, но веќе кон средината на седмицата сфаќате дека без структура нема напредок.
Со други зборови – соништата се важни, но планот е клучот.
Овен – време е за стратегија:
Иако чувствувате налет на енергија и желба да тргнете напред, оваа недела ве учи на трпение. Наместо брзи одлуки, фокусирајте се на планирање. Токму сега можете да ги поставите темелите за нешто големо.
Бик – конечно доаѓа мир: Со планетите кои влегуваат во вашиот знак, чувствувате олеснување. Почнувате повеќе да си верувате себеси и на своите одлуки. Напредокот е бавен, но сигурен – и тоа е она што ви треба сега.
Близнаци – вистината излегува на виделина: На односите веќе не можете да им пристапувате преку илузија. Ако имало нејаснотии или премолчени проблеми, сега доаѓа време за искрени разговори. Добра вест – крајот на неделата носи смирување.
Рак – затворате едно поглавје: Ова е период кога конечно решавате нешто што долго ве оптоварува. Фокусирани сте и подготвени да преземете контрола. Промените во рутината можат да ви помогнат повеќе отколку што мислите.
Лав – емоциите и креативноста во фокус: Почетокот на неделата носи разиграна енергија, но и потреба да се поврзете со партнерот или со себе. Ако имате идеја која сакате да ја развиете – сега е вистинскиот момент да ѝ се посветите.
Девица – забавување кое ви прија: Иако сте навикнати на темпо, оваа недела ве повикува да застанете. Грижата за себе не е луксуз, туку потреба. Најдете време за она што навистина ве исполнува.
Вага – сè излегува на површина: Ако нешто сте избегнувале, сега веќе нема простор за тоа. Добра вест е што комуникацијата ќе ви оди полесно од вообичаено. Крајот на неделата носи растоварување преку хобија и мали радости.
Скорпија – нов почеток по интензитетот: По емотивниот врв, сега влегувате во помирна фаза. Фокусот е на ослободување од негативните мисли и зајакнување на внатрешната сила. Чувствувате дека сте подготвени за ново поглавје.
Стрелец – минатото бара внимание: Темите од минатите односи можат повторно да се појават. Наместо да ги игнорирате, искористете ја приликата јасно да дефинирате што сакате понатаму. Инспирација за нови проекти доаѓа кон крајот на неделата.
Јарец – реорганизацијата е клучот: Ова е ваш момент да воведете ред таму каде што го нема. Ако нешто не функционира, сега тоа јасно го гледате. Не плашете се да тргнете од почеток – долгорочно ќе се исплати.
Водолија – креативен налет: Со Плутон во вашиот знак, промените се неизбежни. Но, тие ве водат кон нешто подобро. Креативноста е на врвот – искористете ја.
Риби – фокус на кариерата: Вашиот труд конечно доаѓа до израз. Луѓето го забележуваат она што го работите, а вие имате прилика да се издвоите. Сепак, бидете внимателни што споделувате со другите.
Оваа недела можеби нема да донесе брзи резултати, но носи нешто многу поважно – јасност. Ретроградниот Плутон ве потсетува дека вистинските промени се случуваат одвнатре, тивко, но моќно.
Ако бидете подготвени да се слушате себеси, би можеле да излезете од овој период посилни, посигурни и подготвени за она што доаѓа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата