logo
logo
logo

Постои ИДЕАЛНО ВРЕМЕ ЗА БРАК за секој хороскопски знак

Vecer | 02.04.2021

Постои ИДЕАЛНО ВРЕМЕ ЗА БРАК за секој хороскопски знак

Стапувањето во брак е еден од најубавите моменти во животот, но многу се прашуваат дали го избрале вистинското време, а тоа доаѓа и со коментари од останатите.

Најчесто кога ќе стапите во брак, односно денот на венчавка  паровите го бираат во топлите месеци и се надеваат дека временските услови ќе им се погодат. Но, постојат и такви кои го земаат и хороскопот предвид пред да ја донесат една од најважните одлуки во животот.

Според хороскопот за секој знак постои соодветен датум.  Тогаш вниманието на космосот е насочено кон вас, а Сонцето го осветлува вашиот дел од Зодијакот. Меѓутоа, ако тој период е исто така период на ретрограден Меркур, Венера или Марс, тогаш е подобро да се избегне брак.

Затоа е добро да проверите кое време од годината, во зависност од групата на хороскопски знаци, може да биде најдобро за венчавката.

Огнени знаци

На огнените знаци им треба моќна, огнена енергија за време на венчавката, па летото е најдобро време за тоа.

Почетокот на летото, односно јуни, најмногу им одговара на овните. Свадба на летна рамноденица, во текот на најдолгиот ден во годината, би одговарала на тој динамичен знак.

Лавот е среќен затоа што може да ги комбинира летото и владеењето на Лавовите и да избере свадба во периодот од крајот на јули до крајот на август.

Ако зимскиот термин не им одговара за време на нивното владеење, Стрелците можат да изберат кој било летен месец за свадбата.

Воздушни знаци

Воздушните знаци се чини имаат најмногу простор да размислуваат за датумите за венчавка, имајќи предвид дека, според астролозите, тие можат да изберат кое било време од годината.

Вагата е многу софистицирана и елегантна по природа, а раната есен се смета за еден од најдобрите периоди за поелегантни свадби.

За Водолиите, правила не постојат во ништо, вклучувајќи го и изборот на датумот на венчавка. Тие се непредвидливи и спонтани, а се чини дека космосот знае дека е подобро да се остават да одлучат самостојно.

Земјени знаци

Пролетта и есента се идеални за нив, особено ако сакаат да се поврзат со природата и да направат свадба на отворено што совршено би одговарала на нивната личност.

Биковите можат да изберат пролет што е поблиску до нивните месеци на раѓање. Есента се препорачува за Јарците и Девиците, во случај на Јарец доцна есен.

Водени знаци

Според астролозите, Скорпиите биле создадени за зимска венчавка. Како совршена опција за тој знак, таа наведува мала приватна зимска свадба во самрак покрај езеро.

Исто така зимскиот период им се предлага и на Рибите, а летна свадба најмногу ќе им одговара на Раковите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk