logo
logo
logo

Од нив поголеми баксузи нема: Целиот живот се прашуваат што ли згрешиле!

Vecer | 22.03.2021

Од нив поголеми баксузи нема: Целиот живот се прашуваат што ли згрешиле!

"Само јас можам да се родам ваков баксуз" - сигурно некогаш сте ја слушнале оваа реченица или пак сте ја изговориле.

Речиси секој барем еднаш во животот помислил дека е роден баксуз, но кои се оние хорскопски знаци кои најчесто се прашуваат што згрешиле за да ги снајде таква судбина.

Девица

Девиците се вешти во решавањето на туѓите проблеми и давањето совети, но тие не се во состојба самите да си помогнат.

Кога се нервозни, тие се фрлаат на активности кои вклучуваат чистење на домот, па животниот простор им е до тој степен стерилен, што гостите често се чувствуваат непријатно, напнато и неудобно.

Тие се склони работите уредно да ги држат на своето место, па сѐ детално пакуваат по фиоки, етикетираат, сортираат, а кога нешто ќе им налета како пречка – тие почнуваат да паничат.

Нивниот живот е едно постојано изненадување. Кога ќе почувствуваат дека конечно ве довеле во ред, а вие одеднаш ќе направите нешто неочекувно, тие веднаш почнуваат да испитуваат, да именуваат и се обидуваат да дојдат до коренот на проблемот.

Животот им се состои од исправање на криви дрини, па често се прашуваат каде згрешиле што ги снашла таква судбина.

Вага

Единствената работа која најмногу ги мачи Вагите е неправдата. Тие ја гледаат насекаде околу себе, а често ја чувствуваат и на своја кожа и секогаш постои нешто што им ги нарушува мирот и среќата.

Вагите спаѓаат во групата на оние луѓе кои прво кажуваат нешто, па подоцна размислуваат како можеле поинаку да постапат во дадена ситуација. Им годат убави луѓе и луксузни работи.

Изгледот им е битен, па скоро никогаш не се помируваат со знаците за стареење. Сакаат да глумат детективи, да откриваат измами, лажговци и измамници, но единствениот проблем е што тоа премногу лично го сфаќаат.

За нив е навреда и самиот факт дека постојат лоши луѓе на планетата. Кога ги решаваат туѓите проблеми, тие ги доживуваат како свои. Се сметаат за емпати, но големо прашање е колку воопшто се во состојба да излезат од својот свет и поинаку да гледаат на работите.

Риби

Рибите се проклетство сами за себе. Слабо контактираат со реалноста, па постојано упаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непресметливо.

Тие си имаат зацртано како нивниот живот би требало да изгледа и како треба да функционира совршениот свет.

А бидејќи реалноста секогаш им стои на патот, тие секогаш насила ќе се обидуваат проблемот да го довлечкаат на своја територија, на која владеат поинакви закони на физиката, математиката, духовноста…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk