logo
logo
logo

Бесплатно одморал во ХОТЕЛИ СО 7 ЅВЕЗДИ и егозитични плажи, СЕГА Е ВО ЗАТВОР

Vecer | 22.03.2021

Бесплатно одморал во ХОТЕЛИ СО 7 ЅВЕЗДИ и егозитични плажи, СЕГА Е ВО ЗАТВОР

Сте замислиле ли дека може да одмарате во хотели со седум ѕвезди и на егзотични плажи и тоа бесплатно. Бидејќи желбата за патување кај некои лица е понекогаш посилна од здравиот разум, зборува и случајот со невработен британски државјанин.

Имено, човекот сакал да патува и да живее на висока нога, дури и кога немал пари за тоа. Затоа смислил начин како да патува раскош и тоа бесплатно.

Дваесет и осумгодишниот Адам Грифитс од Велс    поминал во обиколка на туристичките агенции, преправајќи се дека е подготвен да резервира разни патувања. Со оглед на лошата финансиска состојба, тој немал пари за нив, но тој успеал да ги украде лозинките на вработените и на крајот резервирал патувања во вредност од 44.000 фунти!

Секако, зошто да патувате ако не се пофалите, бил ставот на овој млад Британец. Така, Адам, мртов ладен се фотографирал на местата каде патувал и се тоа го објавувал на социјалните мрежи.

Меѓу другото, тој успеал да одмара во хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи, кој може да се пофали со дури седум ѕвезди. Претходно пак со ол инклузив понуда бил на Сејшелите. Но и тоа траело кратко,  агенциите брзо дознале за измамата па веднаш го пријавиле.

Во меѓувреме, се одржа судење и овој патник, па така раскошот од Дубаи и прекрасните плажи на Сејшелите, ќе ги замени со затвор.

Во секој случај, ако сте љубител на патувања и навистина сакате да одите на некоја егзотична дестинација, не е препорачливо да патувате на ваков начин за да не завршите како овој Британец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk