logo
logo
logo

Шеќер наместо мед, лажна риба и сланина - КАКО СЕ ФАЛСИФИКУВА ХРАНАТА

Vecer | 13.03.2021

Шеќер наместо мед, лажна риба и сланина - КАКО СЕ ФАЛСИФИКУВА ХРАНАТА

Дури и кога избегнуваме индустриски преработена храна и купуваме храна за која веруваме дека е здрава, тоа честопати може да не биде така, бидејќи во последниве години има сè помалку храна во храната, и се повеќе хемикалии кои вешто имитираат храна.

Така, на пазарот се почесто се среќаваат сериозно организирани фалсификатори на храна, кои заработуваат многу пари со продажба на производи со слаб квалитет по високи цени.

Овие се најчесто фалсификувани јадења:

Мед

Сите веќе знаеме дека полиците и пазарите се полни со лажен мед направен од разни шеќерни сирупи, па наместо да јадеме здрав производ, јадеме чист шеќер и најнездрава варијанта од него.

Маслиново масло

Маслиновото масло е едно од најскапите на пазарот, па многумина се обидуваат тоа да го искористат преку продажба на фалсификати. Така се случува, фалсификаторите да спакуваат обично сончогледово масло, кое не чини повеќе од евро за литар, со додавање на хлорофил, бета каротен и масло од соја, со цел да се постигне боја и да се продаде како многу поскапо маслиново масло.

Риба

Можеби најголемата измама е меѓу морските плодови. Така, ослиќот може да се продава како бакалар. Можеби најлошата измама е кога станува збор за таканаречените опашки од рак е сурими. Сурими стапчињата претежно се состојат од вода, разни видови скроб, а единствените три состојки што ги поврзуваат со морето се малку мелена риба, арома и екстракт од рак.

Сирење

Голем број сирења на пазарот содржат помалку од 50 проценти вистинско сирење, додека остатокот се базира на брашно без глутен, засилувачи на вкус и бои. Ова обично се однесува на сирења како моцарела и чедар.

Грашок

Кога се зема сточен грашок и соја, се додава зелена боја и се користи натриум метасулфит како белило или конзерванс, се добива лажен грашок кој е многу поевтин од класичниот што е погоден за човечка употреба.

Ориз

Огромни количини на „пластичен“ ориз се откриени во Кина. Станува збор за ориз направен од компири и синтетичка смола, а се додава арома во смесата со цел да се добие вкус на вистински ориз.

Сланина

Иако звучи невозможно, сланината е исто така фалсификувана. Се почесто се користат различни парчиња, дури и отпадоци од месо, кои се лепат со специјален лепак за месо и се комбинираат во она што го препознаваме како сланина.

Боровинки

Една од вообичаените измами во прехранбената индустрија е фалсификување на боровинки. Ако производот со боровинки содржи индиго кармин (Е132) на списокот на состојки, тоа значи дека не содржи боровинки, туку само бои и ароми кои го имитираат.

Цимет

А циметот има своја копија наречена „cassia“. Овој вид цимет има малку поинаков мирис и е опасен по здравјето. Разликувајте ги по име, вистинскиот цимет се нарекува Cinnamomum verum, додека касијата се нарекува Cinnamomum aromaticum.

Чај

Обични билки се додаваат на разни скапи чаеви кои доаѓаат од најоддалечените делови на светот. Најголемиот проблем е со чаевите во кесички чиј квалитет е нерамномерен и во кој е спакувана правта што останува по берењето и сушењето на чаевите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk