logo
logo
logo

Говорот на телото открива ДАЛИ СТЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ

Vecer | 05.03.2021

Говорот на телото открива ДАЛИ СТЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ

Ако не сте сигурни дали вашиот партнер е навистина заљубен во вас, обрнете повеќе внимание на неговиот говор на телото.

Начинот на кој се однесува кога е во ваше друштво зборува повеќе од зборовите.

Му зборувате, а неговиот поглед преминува преку вашето рамо? Тогаш веројатно има нешто што го интересира повеќе во моментот. Неговиот главен интерес не е насочен кон вас и тоа е знак дека тој не е сериозен.

Тој постојано се лула напред и назад на столот, не ве гледа во очи и само повремено одговара на вашите прашања? Тогаш неговите мисли се на друго место, но не и со вас.

Кога седите еден покрај друг, на пример во воз или на клупа во парк: каде седи тој? Ако тој седи до вас, тоа значи дека ја бара вашата близина и сака физички контакт. Меѓутоа, ако остане на голема оддалеченост или седи на некое друго место, можеби му е непријатно. Отпрвин, тоа е сосема нормално, но ако тој продолжи да се однесува така, веројатно не ве интересира.

Дали е зафатен со неговиот мобилен телефон кога поминувате време заедно? Тогаш тој бара нешто што ќе му го привлече вниманието и со телефонот бара излез од моментот.

Не секоја личност има подеднакво добри манири, но одредено пристојно однесување е дел од тоа. Ако тој не ви отвори врата, не ви помага да ја облечете јакната или не се грижи за вашата благосостојба, веројатно не му важно воопшто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk