logo
logo
logo

ЕДНА Е МАЈКА! Не дозволи мечето да биде загрозено во ниту еден момент (ВИДЕО)

Vecer | 04.03.2021

ЕДНА Е МАЈКА! Не дозволи мечето да биде загрозено во ниту еден момент (ВИДЕО)

Во зоолошката градина во рускиот град Ростов објективот на камерата долови нежни моменти и мајка мечка како се шета со новороденче покрај работ на базенот.

Женка поларна мечка по име Комета излезе за прв пат со своето младенче на отворениот, ограден дел од зоолошката градина.

Иако малото мече неколку пати се обиде да се доближи до водата, неговата мајка постојано внимаваше на него.  Поради безбедност на младенчето, грижливата мајка не му дозволи да ја истражи непознатата околина и да стои близу работ на базенот.

Многумина коментираат дека некои луѓе треба да учат од животните за грижата за своите малечки.

Прес-службата на зоолошката соопшти дека во моментов, во оваа животинска оаза, покрај Комета и нејзиното бебе, живее и машка поларна мечка по име Аион.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk