logo
logo
logo

Нова пандемија на повидок: Секое трето дете се лечи од проблем со ментално здравје

Vecer | 28.02.2021

Нова пандемија на повидок: Секое трето дете се лечи од проблем со ментално здравје

Во Германија секое трето дете има проблем со менталното здравје поради пандемијата на коронавирусот.

Децата се соочуваат со пандемска анксиозност, депресија или психосоматски симптоми како што се главоболки или стомачни болки. Ова го покажа неодамнешното истражување на медицинскиот центар на универзитетот Хамбург-Епендорф.

Експертите за ментално здравје изразија зголемена загриженост во врска со затворањето на училиштата и ограничувањата што го влошуваат стресот на пандемијата кај 13,7 милиони деца и тинејџери во земјата. Тие ја потенцираат можноста за идна криза поради менталното здравје.

Децата од семејства со ниски примања и семејствата на имигранти се непропорционално погодени, покажува студијата. Германија воведе ограничувања поради ширење на вирусот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk