logo
logo
logo

СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ИЗЛЕГУВА СО СЕСТРА, ИМ БАРА ДНК ТЕСТ - Татко му донирал материјал 500 пати

Vecer | 19.02.2021

СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ИЗЛЕГУВА СО СЕСТРА, ИМ БАРА ДНК ТЕСТ - Татко му донирал материјал 500 пати

Повеќето млади деновиве се обидуваат да најдат „сродна душа“ преку онлајн апликации, но еден Американец живее во страв да не започне интимна врска со своја сестра, со оглед на историјата на неговиот татко.

Тој е син на човек кој го продал својот генетски материјал дури 500 пати и сега вели дека се плаши да користи апликации - во случај да не начека некоја можна сестра.

Откривајќи осум свои браќа и сестри, тој не знае уште колку може да има и ова прави да се плаши дека ненамерно може да има интимна врска со негова полусестра.

Зејв Форс (24) од Портланд, Орегон, бил шокиран кога дознал дека негови брат оди  во истото училиште со него. Тие направиле ДНК-тест кој потврдил дека имаат истиот татко. Форс тогаш го пронашол својот татко преку Ancestri.com и дознал дека тој го продал својот генетски материјал стотици пати во текот на 10 години, пишува The Mirror.

Се проценува дека донаторот има 50 деца.

Неговиот брат Дарон Меклинан-Колон, дознал дека е зачнат од донатор кога Заејв го исконтактирал.

- Фактот дека не знам колку браќа и сестри имам, влијае врз мојот емотивен живот, и се плашам а отворам Тиндер. Не гледам друг начин да дознаам дали сум поврзан со девојка што ми се допаѓа, освен да одам на ДНК анализа. Луѓето велат дека инцестот е малку веројатен, но не е ли малку веројатно и дека одев на училиште со мојот полубрат - се прашува Форс.

I talked with Blake Gibbins from Not Your Orphan about issues affecting designer conceived ("donor conceived") people....

Posted by Zave Fors on Friday, May 1, 2020

 

Тој вели дека живее во постојана вознемиреност како и неговите други браќа и сестри кои имале слични искуства. Неговите напори да го најде своето семејство се развиле од растечката желба да открие кој е неговиот татко.

По девет ин витро оплодувања, неговата мајка останала бремена и го родила и го воспитала како самохран родител. Никогаш не криела дека е зачнат преку програма за донатори, но тој очајно сакал да знае кој е неговиот татко, и покрај тоа што неговата мајка му рекла дека тоа е невозможно.

Во 2018 година, се пријавил на Ancestri.com и направил ДНК-тест во обид да го најде својот татко.

Меѓутоа, кога ја проверил локацијата неколку месеци подоцна, добил предупредување дека неговата ДНК се совпаѓа со друг корисник - неговиот брат Дарон.

- Не очекував дека ќе имам браќа и сестри. Таа мисла не ми падна на памет - рече Форс.

Сега ја продолжува својата битка за, како што вели, човековите права и редовно рекламира за ова прашање на социјалните мрежи, барајќи пристап до основните податоци за неговото потекло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk