Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама ќе биде ѕвезда и извршен продуцент на емисијата „Waffles+Mochi“, која ќе започне да се емитува на 16 март.
Во последното нејзино интервју, Мишел објасни дека содржина ќе биде наменета за децата. Имено, во неа ќе се појават две кукли со симболични имиња: „Вафли“ и „Мочи“, а таа наводно ќе биде сопственик на маркет. Ова шоу всушност ќе го покаже нивното „патување“ на кое се обидуваат да станат готвачи.
„Заедно со пријателски лица како сопственичката на супермаркет Мишел Обама, во претставата ќе се појави и магична летечка корпа како водич. Сепак, главни ликови ќе бидат „Вафли“ и „Мочи“ кои ќе го пропатуваат светот низ шоуто, ќе се запознаваат со странските кујни, ќе играат со разни зачини, ќе готват со познати готвачи, деца, но и со познати личности“, велат од компанијата „Нетфликс “.
Темата на шоуто е поврзана со слоганот на Обама „Ајде да се движиме“, а токму овој слоган ја одбележа нејзината кампања за јавно здравје, чија цел беше борба против дебелината кај децата.
„Вафли + Мочи“ е само еден од низата телевизиски потфати на поранешната прва дама. Имено, нејзиниот документарец „Becoming“, се прикажува на стриминг-платформата „Нетфликс“ од 2020 година, а својата премиера ја имаше на музичката платформа Спотифај.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата