logo
logo
logo

Еден од преживеаните: Титаник не потона поради судирот со санта мраз!

Vecer | 09.02.2021

Еден од преживеаните: Титаник не потона поради судирот со санта мраз!

Веројатно нема и некој од нас кој не ја знае причината за потонувањето на британски прекуокеански патнички брод Титаник.

Од вкупно 2 223 луѓе на „Титаник“, само 706 ја преживеале катастрофата, а 1517 исчезнале.

А дел од преживеаните во неколку наврати ја раскажаа приказната за ноќта на 14 април 1912 година кога бродот удрил во санта мраз во Северниот Атлантик.

Меѓутоа, меѓу нив има и такви кои велат дека ударот не е причината за потонувањето на Титаник.

Еден од нив е и писателот Багинак Буарат од Ерменија кој има поинаква верзија на приказната за таа вечер. Впрочем, Буарат бил еден од наједуцираните луѓе во Цариград и оттаму за него со право се велело дека е елитата на овој град.

На 25 години Буарат морал да замине на бизнис патување во Америка па поради тоа решил да го купи својот билет за Титаник. Години подоцна тој решил да ја раскаже својата приказна за таа вечер. Според него, причината за потонувањето на Титаник не е ударот во сантата мраз, туку низа експлозии на бродот.

Буарат, низ својот живот дал неколку интервјуа во кои вели дека филмот Титаник не е вистинската верзија за тоа што точно се случило таа вечер. Според него, сите патници ќе преживееле доколку на бродот не се случел пожар.

Но, Буарат не е единствениот преживеан кој го има овој став. Неговите тврдења биле поддржани и од други преживеани патници кои велат дека на бродот таа вечер се случиле 2 до 4 експлозии. Впрочем, според нивните сведоштва во моментот кога бродот удрил во сантата мраз не тонел со голема брзина. Експлозиите кои се случиле по ударот биле причината за бродот да потоне.

Ваквите сведоштва, денес пак, се предмет на истрага. Според голем број на истражувачи, патниците би можеле да преживеат доколку се спречеле експлозиите.

Според Џон Викман и неговата книга “Титаник, Скриените докази” инженерите на Титаник не ги разбрале во целост опасностите од електролизата која може да ја претвори морската вода во експлозивен водороден гас.

“Никој од нив не ја исклучил струјата. Доколку го направија тоа, експлозиите немаше да се случат”, вели Викман.

Тој и верува дека првата експлозија се случила помеѓу 1:10 и 1: 20 часот после полноќ. Но верува дека постоело и друга експлозија после тоа, која го поделила бродот на половина. Таа експлозија е причината за смртта на многу патници.

Ваквата тероија ја потврдува и новинарот Сенан Молони кои повеќе од 30 години го истражува потонувањето на Титаник.

"Пожар, вода и криминална небрежност – тие се причините за смртта на 1517 патници", вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk