logo
logo
logo

Канченџунга е третиот највисок покрив на светот, КЕДЕВ ГО ИСКАЧИ

Vecer | 27.05.2025

Канченџунга е третиот највисок покрив на светот, КЕДЕВ ГО ИСКАЧИ

Доктор Сашко Кедев го искачи врвот Kanchenjunga (8,586m), третиот највисок врв на светот. Познатиот македонски кардиолог и алпинист беше дел од 10-члената група на Imagine Nepal, која на 23 мај го искачи овој врв.

На Кедев му остана уште врвот Gasherbrum-I, за да ги комплетира сите 14 таканаречени „осумилјадарки“, врвови кои се повисоки од 8.000 метри надморска височина и главно се наоѓаат на Хималаите. Со 13. искачен врв тој е на чекор до магичниот сон да круниса еден неверојатен циклус од страшни подвизи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk