Таа била пријавена за исчезната во неделата, околу 9 часот, а малку подоцна надлежните добиле дојава дека е видена зад воланот на Нисан на локален пат.
Полицијата таму го лоцирала возилото пред продавницата „Таргет“, а девојчето било пронајдено како пазари!
„Не сме сигурни што купила и дали можела да ја искористи нејзината апликација Target за да заштеди пет проценти. Ѝ дозволивме да го доврши фрапучиното и ја вративме кај родителите“, соопшти полицијата.
Таа признала дека додека возела, „закачила нечие поштенско сандаче“, на приближно 10 километри од нејзиниот дом, пренесува Fox 5 Atlanta.
Детето нема да се гони поради нејзината возраст, а истрагата за необичниот настан се уште е во тек.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата