logo
logo
logo

Нов ПАМЕТЕН ПРСТЕН ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА ПАЗАРОТ, а што тоа значи

Vecer | 02.10.2024

Нов ПАМЕТЕН ПРСТЕН ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА ПАЗАРОТ, а што тоа значи

Уште еден паметен прстен доаѓа на пазарот - веќе овој месец. Станува збор за Oura Ring 4, кој би требало да се разликува од својот претходник со потенок дизајн, подобра батерија и попрецизно мерење на активности.

Samsung неодамна реши да ја „збуни“ конкуренцијата со објавувањето на својот нов паметен прстен, но шефот на Oura, Том Хејл, изјави дека „Samsung ги таргетира можностите што ги имаше Oura пред две години“.

Производите на Oura Ring станаа многу популарни брзо откако пристигнаа на пазарот, благодарение на елегантниот дизајн, но и прецизното следење на здравјето и другите параметри.

Дополнително на ова, тие се лесни за употреба, што би значело дека конкуренцијата ќе мора да работи напорно за да го земе нивниот дел од пазарната кола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk