logo
logo
logo

ЖИВОТОТ ДО 150 ГОДИНИ Е МОЖЕН. Кинезите откриваат како и кога почнува таа ера. Не е далеку

Vecer | 16.11.2025

ЖИВОТОТ ДО 150 ГОДИНИ Е МОЖЕН. Кинезите откриваат како и кога почнува таа ера. Не е далеку

Истористките промени на центрите од кои доаѓаат иновации и технологии се селат од Европа, од Запад кон Исток. Европа се вооружува, главните наслови во медиумите се воинстевни како што пред некоја деценија беше климата во некои јужноамерикански и арапски држави каде генералите беа главни вести во медиумите а, за тоа време, Истокот напредува во цивилните и цивилизациски сфери.

Русија објави дека почнува со примена на “вакцина за превенција од повеќе видоби рак“, сега Кинезите тоа го создаваат на свој начин. Од Западот чекор со Истокот го држат само САД кои, особено по доажањето на власт на претседателот Доналд Трамп фокусот го ставаат на иновации и цивилни потреби, а оружјето се спомнува најчесто само како трговија за Европа и Арапските држави.  

Сегашна реалност: Според Светскиот економски форум, најстарата потврдена личност имала 122 години.

Многу експерти нагласуваат дека дури и ако апсолутната граница е околу 150, а според информациите на Светскиот економски форум долгиот и здрав живот зависи од факторите на животниот стил како што се исхраната, вежбањето и социјалните врски, како што се гледа во „Сините зони“. 

Лиу Ксингхуа, главен директор за технологија во кинеската компанија „Лонгви Биосајенс“ во Шенжен, изјави дека, благодарение на резултатите од најновите истражувања, во наредните години никој нема да страда од рак и дека животот до 150 години ќе стане реалност.

Иако живеењето до 150 години во моментов е во фаза на истражувања, најновите сугерираат дека тоа може да биде горната граница за човечкиот животен век поради фундаменталното намалување на способноста на телото да се опорави од стрес, дури и ако избегнеме големи болести.

Други експерти веруваат дека идните медицински и технолошки достигнувања би можеле да им овозможат на луѓето да живеат уште подолго, а некои оптимистички ставови сугерираат дека првата личност што ќе достигне 150 години можеби веќе е жива.

На чекор до СВЕТИОТ ГРАЛ, симболот на вечен живот

Живеењето до 150 години е дефинитивно остварлива цел. За неколку години тоа ќе биде реалност. За пет до десет години никој нема да добие рак“, рече Ќингхуа, според „Њујорк тајмс“ денес.

Нивниот оптимизам се темели на развојот на нов лек кој покажа импресивни резултати во лабораториските студии, а компанијата предводена од Ќингхуа тврди дека има изолирано молекули „способни да убиваат зомби клетки“ и клетки кои стареат и не умираат, туку ги оштетуваат здравите клетки, како и на пронаоѓање начин за производство на капсули со високи концентрации на овие молекули.

Ова не е само уште едно апче. Тоа е Светиот Грал“, рече извршниот директор на „Лонгви Биосајенс“, Јип Зуо, кој е познат под псевдонимот Зико.

Компанијата верува дека нејзините апчиња, во комбинација со здрав начин на живот и квалитетна здравствена заштита, би можеле да им помогнат на луѓето да живеат од 100 до 120 години.

Дејвид Фурман, вонреден професор на Институтот Бак, биомедицински истражувачки центар во Калифорнија кој го проучува стареењето, рече дека кинеските апчиња „изгледаат ветувачки“, но треба да се тестираат во големи клинички испитувања.

Кинеските компании се во првите редови на истражувањата против стареење, а покрај екстрактот од семки од грозје, компаниите се фокусираат и на бобинки гоџи, криогени и хипербарични комори и други уреди.

„Лонгви Биосајенс“, со седиште во јужниот кинески град Шенжен, разви апчиња против стареење базирани на соединение наречено процијанидин C1 или PCC1, кое се наоѓа во екстрактот од семки од грозје. Претходно, научниците во Шангај открија дека PCC1 го зголемува животниот век на глувците за речиси десет проценти со селективно уништување на старите и стареечките клетки и заштита на здравите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk