logo
logo
logo

Русите го сакаат за папа! Ова е миленикот на Дугин за шеф на Ватикан

Vecer | 22.04.2025

Русите го сакаат за папа! Ова е миленикот на Дугин за шеф на Ватикан

Рускиот филозоф, политиколог и социолог Александар Дугин изјави дека кардиналот Роберт Сара би бил најдобриот избор за новиот папа, бидејќи тој е конзервативен и црнец.

Папата Франциско почина во понеделникот во ватиканската резиденција Санта Марта од мозочен удар, проследен со кома и неповратен кардиоваскуларен колапс. Неговиот погреб е закажан за 26 април.

„Следниот папа треба да биде кардиналот Роберт Сара“, рече Дугин на X Network.

„Сара има две големи предности: тоа што е традиционалист (т.е. верува во Бог) и дека е црнец. Неговата вера е автентична затоа што црнците се помалку измамници од белците“, продолжи Дугин.

Сара е вистинскиот избор. Време е да го исфрлиме семејството Сорос од Светата столица“.

Роден во Гвинеја, Западна Африка, Сара беше надбискуп на Конакри до 2001 година, а во 2010 година стана кардинал. И покрај честото спомнување во медиумите, фактот дека има 79 години работи против него.

Иако по правило е невозможно да се предвиди кого конклавата на кардиналите ќе избере за следен поглавар на Римокатоличката црква, деновиве меѓу фаворитите се споменуваат неколку имиња. Сара не е меѓу нив.

Меѓу „напредните“ кандидати се Луис Антонио Тагле (67) од Филипини, поранешен надбискуп на Манила и Пјетро Паролин (70), државен секретар на Ватикан од 2013 година и близок соработник на пензионираниот папа. Како „конзервативни“ фаворити се споменуваат Петер Турксон (76) од Гана и Петер Ердо (72) од Унгарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk