logo
logo
logo

Заедничка операција на САД и Велика Британија во Јемен

Vecer | 30.04.2025

Заедничка операција на САД и Велика Британија во Јемен

Според британските власти, при операцијата бил изведен воздушен удар врз објект под контрола на јеменските бунтовници Хути, каде што се произведувале дронови.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец нареди интензивирање на нападите против Хутите, откако неговата администрација соопшти дека ќе продолжи да ги напаѓа бунтовниците поддржани од Иран сè додека не престанат да напаѓаат бродови во Црвеното Море.

САД и Велика Британија и претходно спроведуваа заеднички воени операции во Јемен.

Министерството за одбрана на Велика Британија информира дека нападот бил извршен по зајдисонце и дека британските борбени авиони што учествувале во мисијата се вратиле неповредени. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk