Несакани влакненца над усните, мал, но постојан естетски проблем кој мачи многу жени. И додека за некои тоа е мала работа која лесно се сокрива, други постојано бараат брзо, ефективно и нежно решение.
Зошто се појавуваат влакната над усните?
Хормоналната нерамнотежа, генетиката, стареењето, па дури и стресот може да влијаат на изгледот на влакната над усната. Иако тие се сосема природен феномен, за многу жени тие се непријатност, особено во однос на социјалните стандарди за убавина кои претпочитаат мазна, мека кожа.
Ако ви здодеале класичните методи, можете да пробате природна маска за отстранување на влакна.
Состојки
• Мед
• Овесна каша
• Сок од лимон
Измешајте две лажици мед со една лажичка овесна каша и две лажички сок од лимон, додека состојките не се соединат. Нанесете на лицето и оставете 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.
Нанесете хидратантна крема и повторете ја оваа постапка 2-3 пати неделно за да постигнете долгорочни резултати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата