logo
logo
logo

Зошто ЖЕНИТЕ НЕ ТРЕБА ДА ПИЈАТ КАФЕ веднаш по будење

Vecer | 29.02.2024

Зошто ЖЕНИТЕ НЕ ТРЕБА ДА ПИЈАТ КАФЕ веднаш по будење

Опојниот мирис на најпопуларниот пијалок во светот и кофеинот што го содржи се најдобриот начин да го започнете денот. Или можеби не?

Станување од кревет, сопнување во кујната, правење кафе, одење во бања, пиење на првата голтка кафе - и дури тогаш многумина од нас всушност почнуваат да се будат. Овој пијалок е еден од најпопуларните во светот со причина, но треба да го знаеме времето и мерката за да ни оди во прилог.

Зошто рано пиењето кафе лошо влијае на жените?

Студијата објавена во дигиталното издание на библиотеката на Американскиот национален институт за медицина покажа дека кафето на празен стомак, особено кај жените, лошо влијае на здравјето.

Поради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во организмот е највисоко наутро кога се будиме, а најниско навечер кога спиеме.

„Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е највисоко, ги нарушува хормоните во телото и го нарушува деноноќниот ритам. Кортизолот лошо влијае на овулацијата, хормоналната рамнотежа и тежината“, објаснува нутриционистот и доктор Карлин Розенблум на Порталот PureWow.

„Конзумирањето кофеин кога нивото на кортизол е највисоко стимулира зголемено лачење на кортизол. Иако сè уште не е објаснето зошто се случува тоа, веруваме дека има врска со ефектот на кафето врз одредени витамини и минерали во телото", заклучува Д-р Розенблум и предупредува:

„Кортизолот, како и сите други хормони, е неопходен за функционирањето на телото, но проблемот настанува кога сме постојано под стрес и кога телото постојано го лачи. Тоа може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и отпорност на инсулин. Покрај тоа, ќе стимулира дополнително лачење на кортизол, кафето на празен стомак може да предизвика дигестивни проблеми и да го зголеми нивото на желудочна киселина. Доколку имате стомачни проблеми, добро е да знаете дека ладното кафе е 70% помалку кисело од топлото“.

Кога да го испиете првото утринско кафе?

Ако станувате околу седум наутро, најдобро е првото кафе да го испиете помеѓу 9.30 и пладне – кога нивото на кортизол е природно ниско. Секако, важно е да се јаде пред тоа.

Со оглед на киселоста на кафето, добро е за појадок да јадете храна богата со калциум како бадеми, јогурт или чиа семки кои ја неутрализираат киселоста, советува Розенблум. Ако пиете кафе во ова време, ќе го добиете потребниот поттик и енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk