logo
logo
logo

Ирец отишол на одмор во Шпанија, па се шокирал од цените: Три јадења, вода и три чаши вино... ЦЕНИТЕ СЕ НЕРЕАЛНИ

Vecer | 26.03.2025

Ирец отишол на одмор во Шпанија, па се шокирал од цените: Три јадења, вода и три чаши вино... ЦЕНИТЕ СЕ НЕРЕАЛНИ

Ирец на социјалните мрежи сподели сметка од ресторан во Шпанија и изненади многумина. За три јадења, вода и три чаши вино платил 31,75 евра.

„Цените во Шпанија се нереални. Три вкусни оброци, вода и три чаши пристојно црвено вино. Ова не би било бакшиш во Њујорк. Ајде повторно да ја направиме Европа одлична, ве молам одете таму на одмор“, напиша тој на својот „Х“.

Тирисот нарачал шише вода по цена од 3 евра, потоа три чаши црвено вино, секоја по цена од 3,50 евра, една порција спанаќ од 4,50 евра, една порција традиционална шпанска ладна супа од домати и леб по цена од 3,75 евра и половина порција маринирани инчуни по цена од 10,00 евра. ДДВ од 10 проценти изнесува 2,89 евра. Вкупниот износ за плаќање изнесувал 31,75 евра.

Корисниците на X не го криеја своето изненадување од оваа бројка, а многумина ги споредуваа цените во другите делови на светот. „Толку плаќам за коктел во Лондон“, се пожали еден корисник, додека друг го сподели своето задоволство со Шпанија. „Бев таму во ноември, јадев како крал, а цените беа како во некој синџир за брза храна. Го имав најдобриот стек во мојот живот и чинеше само 19 евра“, споделил еден корисник.

Но, имаше и такви во коментарите кои сметаа дека цените се одлични само за туристите, објаснувајќи дека е скапо за просечниот приход во Шпанија. Минималната плата е помала од 1200 евра бруто и иако е одлична за туристите, рече еден корисник, многумина се борат да врзат крај со крај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk