logo
logo
logo

Пивото на Октоберфест ќе биде поскапо и оваа година

Vecer | 27.05.2025

Пивото на Октоберфест ќе биде поскапо и оваа година

Пивото на Октоберфест повторно ќе поскапи, а на овогодинешниот фестивал литар ќе чини помеѓу 14,50 и 15,80 евра, објави денес градот Минхен.

Ова е во просек за 3,52 проценти повеќе од минатата година, кога литар чинеше помеѓу 13,60 и 15,30 евра, а безалкохолните пијалоци исто така ќе поскапат.

Како организатор на фестивалот, градот проверува дали цените пресметани од угостителите се соодветни и ги споредува со цените на големите угостителски објекти во Минхен, каде што литар пиво моментално чини 7,70 и 13,40 евра.

Пивото на Октоберфест е посебно и има околу шест проценти алкохол.

Дополнително, угостителите сносат трошоци за поставување и расклопување на шатори во текот на двете фестивалски недели, како и за настапи во живо.

„Организаторите внимателно ги проценија цените и ја земаа предвид инфлацијата“, изјави портпаролот на угостителството, Петер Инселкамер.

Од 2004 година, цените на пивото на фестивалот се зголемија приближно двојно, бидејќи пред 20 години еден литар чинеше помеѓу 6,70 и 7,10 евра.

Овогодинешниот Октобарфест започнува на 20 септември и ќе трае до 5 октомври. Се смета за најголем фолклорен фестивал во светот, а минатата година имаше околу 6,7 милиони гости.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk