За многумина кои штотуку учат да возат, патот до добивање возачка дозвола може да биде долг и макотрпен - но за некои кандидати, процесот е многу постресен отколку што мислеле дека ќе биде.
Податоците објавени денес од британската Автошкола АА откриваат дека еден кандидат потрошил дури 2.944 фунти (3.334 евра) обидувајќи се да го положи теоретскиот испит - 128 пати, без успех.
Друг кандидат успеал да го положи само во 75-тиот обид, откако потрошил повеќе од 1.700 фунти за тестовите, објавува британскиот Скај њуз.
Секој обид за теоретскиот испит, кој мора да се положи пред кандидатот да може да го закаже практичниот дел, чини 23 фунти. Тестот го проверува познавањето на сообраќајните прописи, како и способноста за проценка на опасностите преку видео снимки.
И дури и кога некој ќе успее да го положи теоретскиот, дури тогаш следува нов предизвик - практичниот испит.
Минатата година, рекордот за бројот на обиди пред положување на практичниот дел беше 21. Ова значи дека кандидатот потрошил помеѓу 1.302 и 1.575 фунти, во зависност од тоа кога полагал.
Сепак, двајца кандидати отидоа уште подалеку - обидувајќи се да го положат практичниот испит 37 пати без успех, потрошувајќи до 2.220 фунти секој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата