Во 2025 година, на глобалниот пазар на лаптопи доминира Lenovo, кој води со приближно 24,1% пазарен удел во првиот квартал од 2025 година, по што следува HP (20,2%), а на третото место е Dell а Apple е четврти и далеку зад нив... објавува counterpointresearch.com

Пазарот на лаптоп компјутери е со раст од 4,9% во првиот квартал од 2025 година, поттикнат од усвојувањето на вештачката интелигенција и вкупна вредност проектирана од околу 272-281 милијарди долари годишно.
Лаптопите се доминантно повеќе купувани од десктоп компјутерите и во 2025 година, продолжувајќи да доминираат на пазарот на персонални компјутери со удел на лаптоп компјутерите од над 77%.
Причината е едноставна: веќе со години лаптоп компјутерите напредуваат брзо, имаат процесори, графика и опрема која задоволува секоја потреба од секојдневна работа, видео игри, работа со мултимедија или креации на слики, видеа и професионални CAD задачи. Можат се што и десктоп компјутерот, дизајнирани се за да бидат стабилни и трајни на период од најмалку 5 години за кој може да се добие гаранција, основна плус доплатена... И, секогаш да бидат со вас, каде и да сте.
Lenovo е убедливо доминантен бренд во светот. Нивните лаптопи се со две или три години гаранција и можност за докуп на дополнителни две години за мал износ, што е најдолга гаранција која било кој од конкуренцијата ја нуди, а тоа е знак дека Lenovo верува дека нивите лаптопи за најмалку пет години ќе работат без грешка и проблем.
Во Македонија Леново може да се купи директно од увозникот Инет, или преку нив од некој дистрибутер во малопродажба а во Инет е обезбеден сервис и можност за докуп на гаранцијата за лаптопите.
Lenovo има неколку категoрии на лаптопи, зависно од нивната намена, за која цел ги купува корисникот. Во деловниот свет врвот е ThinkPad, за видео игри доминира на пазарот Lenovo Legion, за мултимедија најбарани во светот се Lenovo Yoga серијата...
ThinkPad X9, револуција која го фрли Apple Mac во сенка

Најпрестижниот портал за анализи и рецензии на лаптопи во светот, референтниот notebookcheck.net по извршените анализи и тестови на ThinkPad X9 со врвен дисплеј од 15 инчи за кој во Apple се уште немаат конкуренција и одговор а поефтин е од конкурентот Mac на Apple за 1.000 евра!
Ова покажува анализата на notebookcheck.net за ThinkPad X9
“Новиот Lenovo ThinkPad X9 15 се покажа како навистина добар лаптоп за време на нашиот преглед. Перформансите на процесорот Lunar Lake се доволни за повеќето секојдневни работи, а потрошувачката на енергија е многу ниска.
Комбинирајте го тоа со големата батерија и добивате многу долго време на работа на батеријата, кое го надминува MacBook Air 15.
Алуминиумското куќиште остава многу софистициран и цврст впечаток, но дизајнот со одвоената површина за компонентите е прашање на вкус. Остатокот од куќиштето е многу потенок за возврат. Изборот на процесорот Lunar Lake исто така значи дека добивате до 32 GB RAM меморија.
Lenovo нуди лаптоп со еден OLED екран, кој нуди одличен квалитет на слика со високи нивоа на осветленост. Мериме повеќе од 500 нити со SDR содржини и до 1100 нити во HDR режим, но добивате и многу прецизни профили за sRGB и P3 просторите во боја, кои се целосно покриени..

Дизајнот на шасијата не е единствениот аспект каде што новиот X9 отстапува од сите други модели на ThinkPad, бидејќи Lenovo исто така одлучи да ги промени влезните уреди. Хаптичкиот тачпед е одличен. Самата тастатура остава добар впечаток.
Сѐ на сѐ, ThinkPad X9 15 е навистина добар лаптоп и сметаме дека е еден од најдобрите лаптопи од Lunar Lake во моментов, но се поставува прашањето дали ова е сè уште вистински ThinkPad или дали бренд како Lenovo Yoga би бил посоодветен.
Името ThinkPad е очигледно многу попопуларно, а квалитетот на машината дефинитивно ги исполнува очекувањата за ThinkPad од X-серијата. Ако главниот фокус на Lenovo беше алтернатива за потенцијалните клиенти на MacBook Air, тогаш сметаме дека X9 е успешен.
Покрај супериорниот екран, X9 нуди и подобра тастатура, како и уште подолго траење на батеријата, особено кога користите поставки за висока осветленост.
Доколку барате висококвалитетен придружник со одличен квалитет на слика, долго време на работа и добар звучен систем, дефинитивно треба внимателно да го погледнете новиот ThinkPad X9 15“ пишува во анализата notebookcheck.net.
Крајната оценка за ThinkPad X9 15 е 90% од можни теоретски 100, со што notebookcheck.net го става во редот на ПРВО МЕСТО во севкупната категорија на БИЗНИС ЛАПОТПИ во светот.
ThinkPad X9 со верзии од 15 и 14 инчи можат да се купат засега само во Инет, цените и податоците за компјутерот може да се видат на нивната интернет страна inet.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата