logo
logo
logo

Австријката Кристине Вајганд ќе биде координатор на ОН за Иран

Vecer | 03.02.2026

Австријката Кристине Вајганд ќе биде координатор на ОН за Иран

Претходно, Вајганд работеше многу години за Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), а беше и претставник во Ерменија. Во периодот меѓу 2015 и 2019 година таа живееше во Иран, каде што работеше за УНИЦЕФ.

Таа претходно ја извршуваше функцијата координаторка на ОН во Туркменистан од 2020 до 2021 година.

Според ОН, Австријката студирала меѓународна економија на Универзитетот во Мастрихт во Холандија. По дипломирањето, работела за Светската банка во Вашингтон, а подоцна и за германската државна банка за инвестиции и развој КфВ во Франкфурт на Мајна. Од 2012 година работи за УНИЦЕФ, вклучително и во Мадагаскар.

„Токму тоа ми се допаѓа - да се преселувам од една земја во друга, постојано да учам нешто ново и повторно и повторно да се среќавам со разни култури“, изјави таа за порталот deutschland.de на германското Министерство за надворешни работи по нејзиното прво преместување во Техеран кон крајот на 2015 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk