Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола информира дека пцовиса нивниот нилски коњ Берта, роден пред 40 години во Зоолошката градина во Виена.
Од ЈОУ Зоолошка градина посочија дека нилскиот коњ Берта во своето современо живеалиште во Битола на увид на јавноста беше десет години, а претходно бил згрижен во зоолошките градини во Скопје и во Белград.
„Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје. И покрај длабоката старост, Берта беше со солидно здравје, а во последниот период добиваше континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, но природниот крај за овој животински вид на оваа возраст беше неизбежен“ – информираа од ЈОУ Зоолошка градина Битола.
Во Зоолошката градина Битола има современо живеалиште за нилски коњ и токму затоа менаџментот на таа општинска установа ќе се обиде да обезбеди друг нилски коњ. Зоолошката градина во Битола планира во текот на оваа да изгради нови живеалиште за копитари, за фламинго птици, како и терариум.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата