logo
logo
logo

ДОБАР СЕРВИС И ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА, е дупло продолжен век и кондиција на вашиот лапоп

Vecer | 10.02.2026

ДОБАР СЕРВИС И ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА, е дупло продолжен век и кондиција на вашиот лапоп

Компјутерите, особено лаптоп компјутерите, дефинитивно се редовен дел од вашето секојдневие и од нив зависи вашата работа, учење, забава, чување податоци, слики, видеа... Практично со нив е поврзано се што правите и се што имате во врска со вашите активности.

Затоа, колку што е битно каков компјутер имате – уште побитно е како тој се одржува во функција и, особено, да се сочуваат и бидат употребливи податоците во него кои ви се секојдневно потребни а некои од нив, особено за оние кои компјутерот го имаат за работа или студирање, поскапи и од самиот компјутер.

За добар компјутер, без оглед на неговата цена и перформанси, неопходен е добар сервис – исклучително овластен сервис затоа што се друго е ризик за кој нема гаранција за последиците од извршената работа.

Познато е дека Lenovo компјутерите, пред се лаптоп машините, се убедливо најпродавани во светот со учество на пазарот од околу 24% и синоним за најдобра цена споредена со добиеното и најдолга употребливост без проблеми во работата – особено ако се користи и сервисира како што треба.

Овластен сервис за Lenovo во Македонија е во Инет (inet.mk) во кој повеќе од 15 години работат експерти обучувани од Lenovo, дел од системот за размена на информации и технологии со Lenovo, и сервис кој користи исклучиво оригинални делови и постапки според стандардите. Затоа, за ској сменет дел или поправка следи гаранција за корисникот.

За фирмите е важно што постои опција сервисерот да дојде во вашата канцеларија без да морате уредите, компјутерите, да ги демонтирате вие и носите во сервисот што е голем проблем ако дојде до дефект на сервер, десктоп или проблем во системот на меѓусебна соработка на компјутерите во фирмата.

А доколку ви се случи дефект на монитор/дисплеј од Lenovo во текот на гаранцијата во Инет тој не се поправа туку се заменува со нов!

Кога сме кај гаранцијата, веројатно најважен дел од денот кога ќе го купите својот компјутер, сервер или најчесто лаптоп од Lenovo, ИНЕТ има можност која ја нема ниту еден друг компјутерски бренд во Македонија, а тоа е купување продолжена гаранција за период од три до дури 5 години! Тоа е опција која ја дава само Lenovo.

Дизајнот на лаптопите е усогласен со технолошките унапредувања на хардверот и софтверот кој најчесто се употребува па очекуваниот период на целосна функционалност е поставен на 5 до 6 години со толеранција при стручно одржување и сервисирање и значително подолго од тоа.

И сега пресметајте што значи докупена гаранција од 2 или 3 години плус од основната за вашиот лаптоп која се движи 50-80 евра за година, период во кој секој дефект значи стручна помош и замена на деловите без доплата, а ако има дефект на дисплејот – добивате нов дисплеј. Било кој дел од лаптоп компјутерот е поскап од 100 евра, па докупената гаранција неколкукратно се исплати и нуди комоција и сигурност за компјутерот и податоците во него.

Кај серверите Lenovo фабрички дизајнираниот очекуван периодот на целосна функционалност при редовно стручно одржување во Инет е и до 10 години, а со надградби и подолго.

Инет е овластен за продажба и сервисирање на целата лепеза Lenovo производи, од неодамна во нов објект, капацитет и простории кои услугата ја прават побрза и поефикасна за корисниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk