Моделот и инфлуенсерка Хејли Калил (33) привлече големо внимание откако ги откри необичните причини за разводот од поранешната ѕвезда на НФЛ, Мет Калил, во пренос во живо на Twitch.
Двојката, која се венча во 2015 година, официјално се раздели во 2022 година, а Хејли како причина ги наведе „непомирливите разлики“.
Мет Калил, поранешен офанзивен играч на Минесота Викинзи, беше четвртиот избор на НФЛ драфтот во 2012 година, а во текот на својата кариера играше и за Каролина Пантерс и Хјустон Тексанс.

Во интервју со Марлон Гарсија, Хејли сподели детали од нивниот брак, нагласувајќи дека клучниот проблем бил во нивниот интимен живот. Според неа, полниот орган на Мет ги отежнувала сексуалните односи до ниво кое станале невозможни и фрустрирачки!
„Тој беше како две лименки Кока-Кола наредени една врз друга, а можеби и трета. Интимноста беше невозможна, честопати завршував во солзи. Пробавме сè - терапевти, лекари, истражував разни третмани... Мојот живот е комедија што се пишува сама“, рече Хејли низ смеа, додавајќи дека Мет „припаѓа на 0,01 процент од населението“ во овој поглед.
Подоцна појасни дека овој дел од разговорот е изваден од контекст и дека не ја одразува целосната слика за нивната врска.

„Имам најголема почит кон неговата приватност и сè што споделивме. За време на нашиот разговор од еден и пол час, допревме до многу длабоки теми - љубов, личен раст и поврзаност. За жал, беше истакнат само еден сегмент што не ја даваше вистинската слика“, додаде таа.
Двајцата оттогаш продолжија со своите животи. Мет се ожени со моделот Каелани Асмус минатата година, додека Хејли останува активна на социјалните мрежи. Иако повремено била поврзувана со познати актери, таа тврди дека моментално не е во сериозна врска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата