logo
logo
logo

СИ ИГРАШЕ БОГ СО КОРОНАВИРУСОТ - Објавени документи што го носат Фаучи на робија!

Vecer | 25.06.2026

СИ ИГРАШЕ БОГ СО КОРОНАВИРУСОТ - Објавени документи што го носат Фаучи на робија!

Поранешниот сенатор од американската сојузна држава Минесота и долгогодишен матичен лекар, д-р Скот Џенсен (Dr. Scott Jensen), излезе со нови жестоки обвинувања на сметка на долгогодишниот главен медицински советник на Белата куќа, д-р Ентони Фаучи. Џенсен, кој е дипломиран доктор по медицина со повеќе од четири децении пракса, побара итно кривично гонење на Фаучи, тврдејќи дека тој свесно го измамил американскиот Конгрес и јавноста во врска со финансирањето на контроверзните лабораториски истражувања околу коронавирусот со американски пари.

Д-р Скот Џенсен
Д-р Скот Џенсен

Д-р Џенсен е добро позната фигура во американската јавност како политичар од Републиканската партија (служеше како државен сенатор во Минесота од 2017 до 2021 година и беше кандидат за гувернер во 2022 година). Сепак, неговата глобална препознатливост дојде за време на пандемијата со КОВИД-19. Како лекар од праксата, тој стана еден од најгласните критичари на официјалните здравствени политики во САД, рестриктивните мерки и официјалните протоколи на СЗО и Центарот за контрола на болести (CDC). Поради неговите тврдења, вклучително и тоа дека болниците биле финансиски мотивирани вештачки да го зголемуваат бројот на починати од КОВИД-19, тој постојано беше под лупа на медицинските здруженија, но успеа да ги задржи своите лиценци за работа и ја зацврсти својата позиција на бунтовник против медицинскиот естаблишмент.

Новите сознанија за Ентони Фаучи

Обвинувањата на Џенсен доаѓаат во период на зголемен притисок за преиспитување на она што го остави Фаучи во здравстениот систем. Реакциите и барањата за негово гонење за злоупотреби не стивнуваат. Катализатор за најновиот бран критики се стотиците документи кои неодамна ги објави Тулси Габард, директорката на Националното разузнавање на САД. Според критичарите, овие документи непобитно докажуваат дека американските власти со пари на даночните обврзници финансирале т.н. „gain-of-function“ истражувања (модификација на вируси за да станат позаразни и поопасни), нешто што Фаучи претходно строго го негираше пред Конгресот.

Иако д-р Фаучи претходно доби помилување од претседателот Џо Бајден, тоа го штити само од сојузно кривично гонење, но не и од граѓански тужби или потенцијални процеси во поединечните 50 американски сојузни држави.

Врз основа на овие информации Џенсен вели дека Фаучи не направил само злоупотреби на американските пари, туку „играјќи со корона вирусот“ тој всушност учествувал во геноцид. Во своето последно видео обраќање на Фејсбук, поранешниот сенатор во Минесота и доктор вели дека Фаучи си играл како да е самиот Бог, а за тоа мора да следуваат обвинувања.

– Тони Фаучи ги лажеше Американците. Тони Фаучи треба да биде кривично гонет. Истражувањата за „зголемување на функцијата“ навистина се случуваа. И тоа длабоко ме растажува. Во изминатите шест години си навлеков многу неволји со тоа што гласно го кажував она за што се молчеше. Еве, пак гласно го кажувам она за што се молчи. Тони Фаучи учествуваше и помогна во финансирањето на истражувањата за создавање поопасен и позараен вирус („зголемување на функцијата“) и тој треба да биде кривично гонет – коментира Џенсен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk