logo
logo
logo

Најчудното село во светот: Православни се, но не се крстат, никој не пуши и не пие алкохол

Vecer | 11.01.2026

Најчудното село во светот: Православни се, но не се крстат, никој не пуши и не пие алкохол

Сместено меѓу два планински гребена на надморска височина од 1.800 метри, опкружено со високи врвови често покриени со снег, се наоѓа селото Фиолетово – осамен и интересен дел од Ерменија.

Фиолетово е село во северниот дел на Ерменија и дом на Молокани, следбеници на христијанско духовно движење кое се појавило во 18 век во рамките на Руската империја. Предците на локалната молоканска заедница мигрирале во регионот Тавуш, чиј најпознат град е Дилижан, од руската Тамбовска губернија, барајќи засолниште во суровите предели на Кавказ.

Повеке од 150 години, Молоканите живееле како затворена и изолирана заедница, чувајќи ги своите верувања, обичаи и едноставен начин на живот, далеку од влијанието на модерниот свет. Само неодамна започнале да ги отвораат вратите за странци, нудејќи реток увид во традицијата која останува длабоко вкоренета во основните принципи.

Молоканите, за кои се верува дека го добиле името по нивната пракса на пиење млеко („moloko“ на руски) за време на православниот пост – практика забранета според црковните канони – се сектантска христијанска група која се појавила како одговор на строгите структури на Руската православна црква.

Тие ги отфрлиле не само црковната хиерархија, туку и почитувањето на иконите, обожувањето на предмети направени од човекот и симболот на крстот (затоа и не се крстат), кој го сметаат за инструмент на смртта. За Молоканите, вистинското христијанство лежи во обожување на живиот Бог и прифаќање само на Библијата како свето писмо.

Во почетокот на 19 век, под притисок на Православната црква, руската влада започнала да ги преселува дисидентските верски заедници – вклучувајќи ги и Молоканите – во оддалечени делови на империјата. За Кавказот тоа било едно такво засолниште, каде било дозволено населување на Молоканите во провинциите Тбилиси, Ереван, Јелизаветпол и Баку.

Во Ерменија, Молоканите успеале да го задржат својот заеднички начин на размислување и духовните традиции речиси два века. Некои од нив постепено се интегрирале во поширокото општество, а таквите транзиции често водат до напуштање на сектантскиот живот – но ретко до губење на културниот идентитет.

Дури и денес, Фиолетово останува претежно недопрено од модерните, дигитални текови. Користењето телевизор и компјутер е ретко, бидејќи модерната технологија се гледа со длабок скептицизам, понекогаш дури и како „нечиста работа“. Селаните се потпираат на усна комуникација или вести од роднини кои доаѓаат на посета за да останат информирани за светот надвор од својата долина.

Во ова село никој не пие алкохол, ниту пак пуши тутун.

Посетителите на Фиолетово ќе имаат чувство дека, по Дилижан, каде поголемиот дел од улиците е од камен, се потопиле во побавен, контемплативен ритам на живот.

Едно од најинтересните места за истражување овде е музејот „Чајбушка куќа“, кој нуди увид во секојдневниот живот и обичаите на молоканските семејства од 19 век. Според локалното предание, познатиот руски писател Максим Горки пиел чај токму во оваа куќичка за време на својата посета на Ерменија во 1929 година.

Денес, патниците топло се пречекуваат со традиционално гостопримство – ќе им се послужат чаеви од самовар и свежи, домашни колачи.

Во ова мирно и безвременско село, каде планините како да го лулкаат небото, гостите се поканети не само да станат сведоци на уникатниот начин на живот, туку и да застанат, размислат и вкусат едноставното, трајно богатство на култура која преживеала векови.

На официјалната страница на селото, наведено е дека: „Фиолетово е многу необично место каде живеат потомците на Молоканските староверници, кои се преселиле овде од Тамбовската губернија пред повеќе од 200 години“.

„И покрај тоа што неколку генерации Молокани пораснале во Ерменија, успеале да ја зачуваат својата култура и традиција. Ерменците ги почитуваат Молоканите поради нивната напорна работа и чесност и го фалат нивната молоканска кисела зелка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk