logo
logo
logo

ЗОШТО СЕ КРШИМЕ СО ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН: Напукнување на кората – знак за нов почеток

Vecer | 20.04.2025

ЗОШТО СЕ КРШИМЕ СО ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН: Напукнување на кората – знак за нов почеток

Обичајот на кршење јајца има корени многу подлабоки од нашите трпези. Дури и во античките цивилизации, јајцето се сметало за симбол на нов живот, будењето на природата и победата на светлината над темнината. Подоцна, во христијанската традиција, јајцето стана симбол на Христовото воскресение – живот кој ја победува смртта. Затоа се бојадисуваат јајца, најчесто во црвена боја, што ја симболизира крвта Христова.

Напукнување на кората – знак за нов почеток

Самиот чин на кршење и пукање на јајцето има посебно значење. Пукањето на лушпата на јајцето го симболизира Христовото воскресение – излегување од гробот, победата на животот над смртта, но тоа не е се. Овој чин го отсликува и будењето на природата по долгата зима – како што пролетта ја прекинува тишината и носи нов живот, така и јајцето ја „пука лушпата“ за да роди нешто ново, свежо и полно со надеж.

Денес, овој обичај е дел од семејната традиција, празнување и собирање. Малите натпревари за тоа кој има најсилно јајце станаа задолжителен дел од најголемиот христијански празник, особено кај децата, но и кај оние кои никогаш не пораснале.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk