logo
logo
logo

ВОЛКОТ НЕ Е ВОЛК, ТУКУ КУЧЕ - Заврши драмата во Козле

Vecer | 13.05.2026

ВОЛКОТ НЕ Е ВОЛК, ТУКУ КУЧЕ - Заврши драмата во Козле

Вчера вечер беше заловен „волк“ кој слободно се движел со синџир и каивче околу вратот во скопската населба Козле.

Денеска, откако беше однесен во карантин во Зоолошката градина во Скопје, е утврдено дека сепак се работи за куче од расата волчјак. 

„Волкот“ уште кога беше заловен, не покажуваше знаци на агресивнбост, карактеристични за диво животно. Подоцна се дозна дека кучето е микрочипирано и се вика Сириус.

На терен прво интервенирале припадници на МВР, а веднаш потоа и стручни екипи од Зоолошката Градина и претставници на Градот. Животното било заловено и безбедно транспортирано во просториите на Зоолошката во Скопје.Од Зоолошката градина информираат дека волкот во моментов е згрижен и ќе му биде овозможена соодветна нега.„претстојниот период волкот ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица. За среќа, ситуацијата заврши без последици бидејќи станува збор за питомо и мирно животно“,соопштија вчера вечер од Зоолошката градина.

Од таму денеска потврдија дека сепак станува збор за куче, со што заврши скопската драма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk