logo
logo
logo

6. издание на КИНЕНОВА закажано од 27 до 31 октомври

Vecer | 19.10.2021

6. издание на КИНЕНОВА закажано од 27 до 31 октомври

Од 27-31 октомври ќе се одржи шестото издание на МФФ Киненова. Свеченото отворање ќе се одвива во кино Милениум, на кое ќе се прикаже проекцијата на филмот „Бановиќ Стахиња“ / AS FAR AS I CAN WALK на Стефан Арсенијевиќ, а останатите филмови од програмата ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија.

Покрај филмовите кои се дел од натпреварувачката програма, годинава во фокус се и филмови од Ирска, Франција, Австрија, ќе бидат прикажани и филмови од „Лукс програмата“, како и краткометражни македонски и странски филмови.

- Би сакал најнапред на истакнам дека сум поприлично горд што и во услови на сериозна светска криза и многу отежнати услови на функционирање, особено за филмската уметност, Киненова како фестивал ги пребродува овие предизвици прилично успешно, па дури можам да кажам дека се случи сериозен исчекор и развој на фестивалот, особено програмски. Минатата година ние бевме единствен фестивал во земјата и во светот кој реализиравме телевизиско издание на фестивалот, со цел да ја продолжиме традицијата и да ја надминеме кризата. Но тоа не го направивме од позиција на загрижени или уплашени филмаџии, туку со уште посилна мотивација од претходно, одредувајќи си мисија да ја пласираме филмската уметност и бескомпромисно да ја доближиме до публиката. Тоа наше делување даде мултиплициран ефект и додадена вредност, така што фестивалската програма имаа можност да ја погледнат скоро 2 милион гледачи, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.

Интересно е што фестивалот оваа година ќе ја слави македонската кинематографија и делото на македонските филмски уметници на начини кои ќе бидат објавени наскоро.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk