logo
logo
logo

6 добри причини зошто треба почесто да пиете чај од нане: Пријател на грлото, стомакот, синусите...

Vecer | 24.12.2021

6 добри причини зошто треба почесто да пиете чај од нане: Пријател на грлото, стомакот, синусите...

Една од најлековитите билки која имаме можност да ја користиме секојдневно е секако нането. Најчесто се користи во вид на чај, но може да се консумира и како зачинско растение.

Од дамнина се користи за ублажување на стомачните проблеми и како природен лек кој го опушта целото тело.

Освен тоа што има пријатен мирис и вкус, нането има и сложен хемиски состав. Нането содржи витамини, минерали, киселини, бета-каротин, влакна, танини, флавоноиди... Исто така, е одличен извор на бакар, манган и витамин Ц.

За благотворното дејство врзорганизмот најзаслужни се флавоноидите, пелинот, ментолот и танините кои го поттикнуваат производството на жолчката, го забрзуваат варењето и го зголемуваат апетитот.

 

Нашите баби верувале дека чајот од нане може да биде корисен при многу респираторни проблеми, но и при напнатост и несоница.

1. Респираторни проблеми

Чајот од нане може да помогне во смирување на воспалителниот процес на респираторните органи. Овој пијалок ги опушта мускулите на грлото и помага во ублажување на симптомите на настинка. Благодарение на ментолот, чајот од ова растение може да помогне во чистењето на дишните патишта.

2. Проблеми со синусите

Како и босилекот, нането често се користи како растение кое благотворно делува на чистење на синусите. Нашите баби го користеле како додаток на зовриената вода над која треба да се стои и да се вдишуваат мирисливите испарувања.

3. Упорна кашлица

Наша традиција е да пиеме чај најчесто кога не се чувствуваме добро. Бидејќи има лутеникава арома, чајот од нане често се користи за ублажување на кашлицата.

4. Мускулна болка

Чајот од нане позитивно влијае на циркулацијата, а се користи и за ублажување на болки во мускулите кои се јавуваат после поголеми напори.

5. Смирува и опушта

Нането се смета за растение кое е ефикасно во елиминирање на напнатоста. Доколку сте имале напорен ден и чувствувате непријатност во стомакот, испијте шолја топол чај од нане – ќе ги опушти стомачните мускули, па и вие ќе бидете поопуштени.

6. Против несоница

Благотворното дејство на нането, исто така, може да биде корисно доколку имате проблеми со несоница. Пијте топол чај од ова растение во комбинација со малку маточина или лаванда и полесно ќе заспиете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk