Војвотката од Сасекс се појави во уште една неутрална комбинација, а сепак изгледаше поинаку и ефективно. Нејзината тајна: внимателно одбран крој и материјал совршен за пролет! По долга пауза, принцот Хари и Меган Маркл повторно се појавија заедно во јавноста, а овој пат таа беше главна ѕвезда на настанот.
Војвотката од Сасекс зборуваше на настанот TIME100, организиран од магазинот Тајм, каде зборуваше за своите нови проекти, претприемништвото и мирот што го нашла во семејниот живот.
Позната по својот многу елегантен стил, Меган повторно остави впечаток со модното издание, а овој пат се одлучи за неутрална беж комбинација на бои.
Нејзиниот избор беше класичен костум пролет-лето, потпишан од американскиот бренд Ралф Лорен, комплет од лен совршен за топли денови и вечери.
Долгите сакоа се апсолутно најпопуларни оваа година, а Меган Маркл го имаше на ум тоа, па носеше струкиран модел кој достигнува до задникот, со панталони со висок струк и многу широки ногавици. Ова е уште еден скап костум, блејзерот чини речиси 2.500 долари, додека цената на благо плисираните панталони е околу 2.200 долари.
Таа го комплетираше со своето омилено парче - класична бела кошула, а носеше и шпиц камел салонки од модната куќа Маноло Бланик од велур. Со накитот Картие во жолто злато, не можеше да биде подобро!
Ленен костум за пролет и лето
Ленената облека се враќа во мода секоја пролет со причина! Овозможува кожата да дише, ја впива потта, многу е удобен на високи температури и е совршен и за дневни и за вечерни прилики.
Во последните години особено се популарни елегантните комплети составени од панталони и блејзер или панталони и елек, кои обезбедуваат софистициран изглед.
Меган Маркл се одлучила за варијанта која изгледа малку изгужвана, што е одличен избор доколку не ви се пегла, а постигна и изглед кој е и опуштен и елегантен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата