На североистокот на Демократска Република Конго во тек е клиничко испитување на два експериментални лека против сојот на вирусот на ебола „Бундибуџо“, во рамките на меѓународен проект што го спроведуваат универзитети, фармацевтски компании и Светската здравствена организација (СЗО), а експертите се надеваат дека новата терапија ќе ја намали смртноста кај оболените, откако претходно покажа ветувачки резултати при испитувањата на животни.
Во испитувањето се користат антивирусниот лек „ремдесивир“, кој веќе е во употреба, и експерименталниот препарат „МБП134“, кој содржи протеини способни да го препознаат и неутрализираат вирусот.
Белгискиот лекар Лоренс Лизенборгс, кој работи за Институтот за тропска медицина во Антверпен и учествува во истражувањето заебно со Универзитетот во Оксфорд и Светската здравствена организација, изјави за холандскиот јавен сервис НОС дека се очекува еден или двата лека да придонесат за намалување на смртноста, а нивната комбинирана примена би можела да биде уште поефикасна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата