logo
logo
logo

(ВИДЕО) Крадци СО ВИЉУШКАР ОТКОРНАА БАНКОМАТ, се е забележано на камера!

Vecer | 18.06.2026

(ВИДЕО) Крадци СО ВИЉУШКАР ОТКОРНАА БАНКОМАТ, се е забележано на камера!

Филмски грабеж се случи во англискиот округ Кембриџшир, каде крадци со помош на украдено тешко возило, налик на виљушкар, целосно откорнаа банкомат од ѕидот на филијалата на „Nationwide Building Society“. Како што пренесува британски „Телеграф“, инцидентот се случил во вторникот околу 3 часот наутро на главната улица во местото Ремзи. Снимките од безбедносните камери го забележале моментот кога банкоматот бил насилно извлечен од предниот дел на објектот, по што напаѓачите го натовариле во друго возило и брзо побегнале од местото на настанот.

Локалната полиција соопшти дека дојавата ја добила во 3.17 часот, откако граѓани пријавиле дека украден телескопски манипулатор (градежна машина за подигнување товар), заедно со уште две возила, бил употребен за уривање на прочелјето на банката и отстранување на банкоматот. Според досегашните информации од истрагата, грабежот бил исклучително брз и добро организиран, што укажува на тоа дека не станува збор за обична провала, туку за однапред подготвен и координиран напад во кој свесно била искористена тешка машинерија.

Истражителите во моментов се обидуваат да го утврдат точното движење на возилата пред и по грабежот, како и да го откријат идентитетот на сторителите. Полицијата упати апел до сите граѓани кои во тоа време биле во близина, забележале сомнеж или поседуваат какви било снимки од автомобилски камери, видеонадзор или паметни ѕвончиња, веднаш да се јават за да и помогнат на истрагата. Иако ваквите грабежи траат само неколку минути, тие зад себе оставаат огромна материјална штета на објектите. Засега не е соопштено колку пари имало во банкоматот, ниту пак дали има уапсени лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk