Авионите долго време имаат лоша репутација поради нивната наводна нечистотија и лоша хигиена. Од теписите до преградите над главите на патниците, од прозорците до ѕидовите - сè е преполно со бактерии. Виш аналитичар за контрола на квалитетот спровел тестирање кое открило неверојатна количина нечистотија на седиштата во авионите.
„Колку е валкан еден мал авион?“ се запрашал овој експерт познат по прекарот @HowDirtyIs во натписот на виралното видео објавено на ТикТок.
Николас Ајхер, висок аналитичар за контрола на квалитетот, е познат по своите видеа кои ги прави земајќи брисеви од јавни површини, како што се бензински пумпи, соблекувални, тестери за козметика, седишта во кино и слично, и ги објавува резултатите на неговиот канал ТикТок.
Снимката од авионот го покажува како влегува во авионот и зема примероци од потпирачите за раце, масичката на преклопување, прозорците и безбедносниот прирачник. Откако внимателно ги собрал примероците, тој ги однел брисевите во лабораторија на испитување.
Резултатите ги оставија без зборови неговите следбеници.
Биле многу полоши од оние од претходниот експеримент што тој го спроведе на седиштата во чекалниците на аеродромот. Она што го откри во овој тест ги шокираше неговите следбеници.
„Препорачувам да носите долги ракави во авионот“, вели тој, држејќи ги резултатите од тестот од потпирачот за рака на авионот во раката.
Тоа е модерен, но и здравствено корисен совет, со кој се согласила и една стјуардеса .„Колку повеќе кожа покривате, толку сте позаштитени“, рекла таа.
Сепак, истрагата @HowDirtyIs не заврши тука. Тој ги сподели и застрашувачките резултати од тестирањето на примероците од прозорецот, масичката на преклопување и безбедносниот прирачник - сите покажале големо количество нечистотија од околината во која престојуваат патниците, пишува Њујорк пост.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата