logo
logo
logo

Привилегија на белата боја: Само 7 жени во светот можат да носат бело пред папата

Vecer | 21.04.2025

Привилегија на белата боја: Само 7 жени во светот можат да носат бело пред папата

Во моментов има седум жени во светот кои не мора да носат црно пред папата и им е дозволено да се појават пред папата во бело.

Папата Франциско, поглаварот на Римокатоличката црква, почина на 88-годишна возраст, потврди Ватикан.

Тој одржа една од своите последни приватни аудиториуми на 9 април во резиденцијата Каса Санта Марта во Ватикан, каде што се сретна со кралот Чарлс и кралицата Камила по повод нивната 20-годишнина од бракот.

Кралицата Камила за оваа пригода избрала црн фустан, но поради титулата не морала да носи вел.

Имено, според протоколот на Ватикан, жените мора да носат долги ракави, свечена црна облека и црн превез на главата при средбата со папата. Сепак, постојат исклучоци од правилото.

Привилегија на белата боја

Во моментов има седум жени во светот кои не мора да носат црно пред папата и им е дозволено да се појават пред папата во бело.

Оваа привилегија се нарекува „le privilege du blanc“ на француски или „il privilegio del bianco“ на италијански, а ја користат католичките кралици и принцези и се преведува како „привилегија на белата боја“.

Тие вклучуваат Шарлин, принцезата од Монако, кралицата Матилда од Белгија, кралицата Летиција од Шпанија, големата војвотка Марија Тереза од Луксембург и принцезата Марина од Неапол. Освен нив, оваа привилегија ја имаат и две кралици чии сопрузи повеќе не се на тронот, а тоа се шпанската кралица Софија и белгиската кралица Паола.

Белата боја не е секогаш задолжителна

Постоењето на таа привилегија не значи дека кралиците и војвотките мора секогаш да го следат протоколот при средбата со папата. На пример, кралицата Матилда носеше бело кога се сретна со папата во септември 2024 година, додека принцезата Шарлин одбра црн фустан.

Потребна е дозвола од Папата

Белата облека се носи исклучиво за време на свечена, приватна аудиенција кај папата, најчесто во Ватикан и со претходна дозвола на Папата.

Тоа е високо протоколарен чин кој ја одразува религиозната припадност и статус во Католичката црква.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk