logo
logo
logo

76-годишна жена го роди првото дете

Vecer | 23.03.2025

76-годишна жена го роди првото дете

Етиопјанката Ембејте Мехин Хагос (76) го доби своето прво бебе преку ин витро оплодување.

Ембејте Медин Хагос (позната како Медин Барка) од Мекеле, главниот град на регионалната држава Тигра во северна Етиопија, стана мајка за прв пат на 76-годишна возраст.

Овој регион е воена зона од ноември 2020 година, а делови од неговата територија сè уште се под окупација од соседната регионална држава Амхара и Еритреја. Се проценува дека еден милион цивили се убиени, милиони остануваат внатрешно раселени, а десетици илјади побарале засолниште во Судан и други земји. Регионот се соочува и со тековни политички тензии и внатрешни конфликти.

Веста за раѓањето на Ембејта Мехин многумина во регионот ја гледаат како чудо, особено по години во кои доминираа вести за војна, етничко чистење, групно силување и нестабилност. Социјалните мрежи се преполни со дискусии за тоа како 76-годишна жена можела да забремени.

Како што објаснила Ембејте Мехин за каналот на Јутјуб наречен Сеглелет шоу, нејзиното зачнување било овозможено преку ин витро оплодување (ИВФ) со помош на лекари во болница во Индија пред една година, а бебето го родила во болница во Мекеле.

„Воопшто не бев убедена кога ми кажаа дека сум бремена“, изјави мајката за телевизијата Dimtse Woyane Medhin.

Изгледа дека и на многумина од нејзиното семејство им беше тешко да поверуваат во приказната за бременоста.

Еден млад човек, навидум член на семејството, забележал:

„Ништо не е невозможно за Светиот Спасител“.

Некои на Фејсбук го споредија нејзиниот случај со библиската приказна за Сара, која го родила Исак на 90-годишна возраст.

Видеото што го сподели TV Dimtse Woyan прикажува голема прослава и интервју со Ембејте Мехин Хагос за време на крштевањето на детето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk