Меланија Трамп и Доналд Трамп, првата дама и претседател на Соединетите Американски Држави, заедно со многу други светски лидери и делегации од целиот свет присуствуваат на погребот на папата Франциск во Рим, каде што римокатоличкиот лидер ќе биде испратен во вечното почивалиште.
Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија пристигнаа во Рим во петокот вечерта со претседателскиот авион, а по церемонијата нема да останат во Италија, туку ќе се вратат во Америка.
Веднаш по слетувањето во Рим, стајлингот на првата дама, која денес го слави својот 55-ти роденден, привлече големо внимание од публиката.
Гардеробата со која се качи на The Force One во Америка, се парчиња од некои од најпрестижните модни куќи во светот.
Меланија носеше бел капут од модната марка „Долче и Габана“ чија цена е околу 3.500 евра. Таа се одлучи за удобни чевли, овој пат балетанки „Роже Вивиер“, кои можат да се најдат за 650 евра, а чантата е најскапиот детаљ на неа; „Хермес Кели“ од дури 28.000 евра.
За овој модел на чанта се вели дека го носат само моќни жени, и повторно и повторно сме убедени дека Меланија е – дури и со нејзините софистицирани модни избори.
Непрепознатлива на погребот на папата Франциск
Меланија Трамп се појави на церемонијата на последното збогување на папата Франциск, на која присуствуваа околу 200.000 верници собрани на улиците на Рим, во, како што се очекуваше, целосно црно.
Таа носеше скап капут со црни чевли со висока и екстремно тенка потпетица, додека имаше и црн превез на главата, како и шминка соодветна за денешниот настан и целокупниот outfit.
Доналд Трамп носеше темно син костум со бела кошула и црни лакирани чевли, а цело време ја држеше сопругата за рака.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата