logo
logo
logo

Големо глобално истражување: КОИ СЕ 10-ТЕ НАЈДОБРИ ЗЕМЈИ ЗА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА?

Vecer | 26.05.2026

Големо глобално истражување: КОИ СЕ 10-ТЕ НАЈДОБРИ ЗЕМЈИ ЗА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА?

Истражувањето опфати сто земји, а рангирањето е засновано на повеќе критериуми – од економскиот развој до квалитетот на животот на граѓаните, пишува Time Out.

За воопшто да бидат вклучени во анализата, државите мораа да ги исполнат почетните услови, како што е пласманот меѓу 125-те земји со највисок индекс на човеков развој и соодветно ниво на БДП. Потоа, тие беа оценети преку осум главни категории: здравство, општествен квалитет, култура и туризам, економски развој, квалитет на управување, инфраструктура, природна средина и можности за живот и работа.

Швајцарија повторно на врвот

Првото место го освои Швајцарија со вкупна оценка од 78,8 од можни 100 бодови. Најдобри резултати оствари во категоријата квалитет на управување, каде што доби максимални 100 бодови за политичка стабилност, ниско ниво на насилство и контрола на инфлацијата, додека за економска разновидност освои 99,8 бодови.

Швајцарија исто така е прогласена за најдобра земја за економски развој, а многу високо се котира и во категориите култура, туризам, како и во можностите за живот и работа.

Европа доминира на листата

На второто место се најде Данска со вкупна оценка од 77,2. Таа особено се истакна во категориите општествен квалитет и инфраструктура. Третото место ѝ припадна на Шведска, четвртото на Германија, а петтото на Холандија, со што уште еднаш се потврди доминацијата на европските земји на ваквите листи.

Првата неевропска држава на списокот е Австралија, која се наоѓа на 14-то место.

Десетте најдобри земји во светот за 2026 година

  1. Швајцарија
  2. Данска
  3. Шведска
  4. Германија
  5. Холандија
  6. Норвешка
  7. Велика Британија
  8. Финска
  9. Луксембург
  10. Австрија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk