logo
logo
logo

Познатиот ТИКТОКЕР умрел заради она по што бил познат - ПРЕЈАДУВАЊЕ! Од што бил дебел не можел ни да се движи самостојно

Vecer | 13.03.2025

Познатиот ТИКТОКЕР умрел заради она по што бил познат - ПРЕЈАДУВАЊЕ! Од што бил дебел не можел ни да се движи самостојно

Култур Ефекан, тиктокер со 176.000 следбеници, почина на 7 март поради компликации предизвикани од дебелина. Тој беше познат на ТикТок по неговата контроверзна практика на „мукбанг“, во која во живо јадеше огромни количини храна додека разговараше со своите следбеници.

Во Јужна Кореја, мукбанг стана вистински тренд и придонесе за популарноста на многу инфлуенсери, вклучувајќи го и Култур. Овој 24-годишен млад човек од Турција го освои ТикТок со своите видеа кои привлекоа бројни следбеници. Сепак, неговата навика да консумира огромни количини храна доведе до сериозни здравствени проблеми.

Овој феномен, популарен во Јужна Кореја, привлече големо внимание и критики заради неговите здравствени ризици. Мукбанг е вид на видео во кое човек јаде големи количини храна во живо, често со звучни ефекти што го подобруваат искуството за гледачите.

Здравствените проблеми на Култур 

Ефекан почина од компликации предизвикани од дебелина, по тримесечна хоспитализација. Првичните здравствени проблеми започнаа во декември 2024 година, кога тој итно беше хоспитализиран поради проблеми со тежината. По вториот престој во болница бил пуштен на домашно лекување, но здравствените проблеми му се влошиле. Според извештајот на Дејли мејл, Ефекан не можел самостојно да се движи, па дури и не можел да го посети гробот на неговата мајка, која починала претходната година. На крајот младиот тиктокер почина.

Критики за мукбанг и здравствени опасности

Иако мукбанг стана глобален тренд, тој се соочува со многу критики поради неговите негативни здравствени ефекти. Многу експерти предупредуваат за ризикот од дебелина, дијабетес и други болести кои можат да настанат од прекумерно внесување храна. Иако нема докази кои директно го поврзуваат мукбанг со смртни случаи, неколку мукбангери починале поради здравствени компликации. Меѓу нив е и 24-годишната Кинеска Пан Ксијаотинг, која исто така го загубила животот поради последиците од екстремното консумирање храна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk