logo
logo
logo

Од овие држави НЕ КУПУВАЈТЕ ПОЛОВЕН СТРАНСКИ АВТОМОБИЛ, еве каде најмногу ја враќаат километражата

Vecer | 19.04.2025

Од овие држави НЕ КУПУВАЈТЕ ПОЛОВЕН СТРАНСКИ АВТОМОБИЛ, еве каде најмногу ја враќаат километражата

Во случајот со автомобилите увезени од Словенија ризик од манипулација со километражата покажале 6,8 отсто од прегледаните возила, потоа следи Италија (6,7 отсто) и Холандија (6,1 отсто), покажува анализата на компанијата за податоци за автомобили carVertical.

Купувањето на половен автомобил од странство носи ризик и дали има фалсификувани податоци, дали е украден па “дотеруван“ тоа, а и одговорноста на продавачот, е поголема кога се купува половен автомобил кој е првично купен од салон во Македонија.

Истражувањата во регионот покажуваат дека најмногу се продаваат автомобили со лажна километража од познатите германски продавачи, а најмалку од јапонските и француските модели.

Најголем дел од увезените автомобили во нашиот регион доаѓаат од Западна Европа и соседните области.

Од сите увезени возила проверени од carVertical во 2024 година, 20,7 отсто биле увезени од Италија, 20 отсто од Франција, 11 отсто од Германија, 10,4 отсто од Швајцарија и 7,4 отсто од Белгија.

Исто така, има чест увоз од Германија и Швајцарија, бидејќи овие земји нудат широк асортиман на премиум и возила од средна класа, често со детална историја на сервисирање.

Се бараат и возила од Белгија и Холандија поради ригорозните прописи за одржување, што гарантира дека се во добра состојба.

Како што е наведено, увезените автомобили од странство не се секогаш подобар избор бидејќи многумина ја вратиле километражата.

Евтините, неоригинални делови се користат за поправка на голем број оштетени автомобили, што може да предизвика проблеми со доверливоста во иднина.

Најмногу вратени километри има на автомобилите од оваа земја

Според студијата на компанијата carVertical, кај автомобилите увезени од Словенија, ризикот од манипулација со километражата бил поголем, а 6,8 отсто од прегледаните возила покажале отстапувања. Потоа следат Италија (6,7 отсто), Холандија (6,1 отсто), Германија (5,1 отсто) и Швајцарија (3,6 отсто).

Тешко е да се утврди каде е извршена манипулацијата со километражата, бидејќи често се случува домашните продавачи да ја фалсификуваат километражата на автомобилите увезени од странство за вештачки да ја покачат цената.

На купувачите им се препорачува, покрај проверката на извештајот за историјата на возилото и потврдата за неговото потекло, да го однесат автомобилот кај механичар за да ја утврдат неговата вистинска состојба.

Истражувањето вклучува извештаи за историјата на автомобили купени од клиенти на carVertical во периодот од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година.

Увезените автомобили беа класифицирани по земја на потекло, беа пресметани процентите и беше направена ранг листа.

Земјите увозници кои се најмногу склони кон измами со километражата беа одредени со избирање на десетте најголеми увозни пазари во секоја земја и нивно рангирање врз основа на процентот на возила со вратена километража.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk