logo
logo
logo

Палачинки со пилешко и сладолед од сардина: ЛИОН ДОБИ РЕСТОРАН ВО КОЈ КУЧИЊАТА СЕ ГЛАВНИ ГОСТИ

Vecer | 19.05.2026

Палачинки со пилешко и сладолед од сардина: ЛИОН ДОБИ РЕСТОРАН ВО КОЈ КУЧИЊАТА СЕ ГЛАВНИ ГОСТИ

Ресторан под името „Dogstronomy“ (Догстрономи) е отворен во Лион, Франција, и е токму онаков како што му кажува самото име: комплетно искуство на фина храна (fine dining) осмислено исклучиво за во него да уживаат – кучињата. Ресторанот има мени кое вклучува палачинки со пилешко, гурмански колачи прилагодени за кучиња и сладолед со вкусови како банана и сардина.

Ресторанот е замислен како место каде сопствениците можат да ги донесат своите кучиња, кои таму ќе бидат третирани како ценети гости, со комплетна услуга на маса и со сите останати погодности.

Франција долго време е една од земјите што се најмногу пријателски настроени кон миленичињата (pet-friendly): на кучињата им е дозволен влез во кафулиња, продавници и ресторани заедно со нивните сопственици. Сепак, „Dogstronomy“ отиде чекор подалеку, претворајќи го кучето во почесен гостин.

Затоа, ако вашето милениче јаде исто суво јадење веќе три години, додека вие вечерате во скапи ресторани без него, Лион сега прима резервации и за четириножните гости.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk