Холивуд го потресе уште една трагична вест – синоќа беше потврдено дека на 35-годишна возраст почина актерката Дејви Чејс. Таа е најпозната по улогата на девојчето со долга црна коса кое излегува од телевизорот по пуштањето на проколнатата касета во култниот хорор филм „Круг“ (The Ring).

Причина за смртта биле менингитис и сепса, а како што пренесуваат странските медиуми, несреќната актерка била донесена во болница во состојба на тешка исцрпеност и нахранетост.
Последните неколку години, некогашната детска ѕвезда била без покрив над главата и се борела со тешка зависност од наркотици. Нејзиниот живот тргнал во надолна линија пред точно десет години, кога почнале честите апсења поради возење во алкохолизирана состојба, а набрзо станала зависна од забранети супстанции и завршила на улица. За нејзиниот приватен и љубовен живот во последните години не се знаеше апсолутно ништо.
Се верува дека еден од оклучувачите за оваа тажна судбина бил недостигот на ангажмани и падот на популарноста во суровиот свет на Холивуд. Нејзиниот последен филм, кој доби исклучително лоши оценки, е снимен уште во 2016 година.
Иако засекогаш ќе остане запаметена по улогата во „Круг“, Дејви имаше и други забележителни проекти. Таа глумеше во почуениот филм „Дони Дарко“ (Donnie Darko) и во хит серијата „Голема љубов“ (Big Love), а беше и исклучително барана за синхронизација. Нејзиниот глас го слушавме во филмот на Спилберг „Вештачка интелигенција“ (A.I. Artificial Intelligence), но и во познатото анимирано остварување „Патување со соништата“ (Spirited Away), каде ѝ го позајми гласот на главната хероина Чихиро.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата