logo
logo
logo

Американска модна куќа сошила јакна со ликот на светец кој го слават Македонците, ДАЛИ БИ ЈА НОСЕЛЕ?

Vecer | 25.11.2024

Американска модна куќа сошила јакна со ликот на светец кој го слават Македонците, ДАЛИ БИ ЈА НОСЕЛЕ?

Јакна што не се гледа често.

Американската модна куќа Aimé Leon Dore е меѓу брендовите кои, ширејќи ја уметничката слобода, ги комбинираат модата и религијата.

Нивниот последен дизајнерски потфат беше инспириран од Свети Ѓорѓи, голем христијански светец кого многу семејства во Македонија го слават како слава и именден.

Многубројните коментари на заинтересираните корисници на социјалните мрежи покажуваат дека тоа бил добар деловен потег. Еден од оние кои се истакнаа гласи:

„Ми се допаѓа, но кој е ова на коњ?“.

Јакната со ликот на Свети Ѓорѓи како убива змеј е создадена по повод одбележувањето на десет години постоење на споменатата модна куќа.

Во описот на официјалната страница на Инстаграм стои дека се работи за рачно изработено парче облека, со специјално обработени детали, сето тоа дизајнирано да и оддаде почит на разновидна култура.

По тој повод се огласија многу Балканци кои објаснија: „Свети Ѓорѓи е“, „Свети Ѓорѓи го убива змејот“.

Свети Ѓорѓи е многу почитуван кај нас, па нему му се посветени два празника - Свети Ѓорѓија и Ѓурѓевден.

По Свети Никола и Свети Јован, тој е трет најчест празник во Македонија. Уште од античко време постоело верување дека Свети Ѓорѓи ќе му помогне на секој кој има потреба што ќе му се обрати, па затоа ужива статус на „заштитник“.

Како и да е, на Инстаграм профилот на модната куќа Aimé Leon Dore, како и на профилот на дизајнерот Џеф Хамилтон, најмногу може да се прочитаат позитивни реакции во врска со промоцијата на необична јакна со ликот на Свети Ѓорги кој убива змеј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk