logo
logo
logo

На ова прашање НЕ ОДГОВАРАЈТЕ НИКОГАШ кога ќе ве запре полиција!

Vecer | 10.03.2025

На ова прашање НЕ ОДГОВАРАЈТЕ НИКОГАШ кога ќе ве запре полиција!

Британскиот адвокат Насир Хафези е многу популарен на социјалните мрежи, а секојдневно дава различни правни совети, објаснувајќи ѝ ги на пошироката јавност законските права во одредени ситуации. Пред неколку месеци тој сподели видео на ТикТок во кое открива кое е прашањето на кое никогаш не треба да се точен одговор на сообраќајната полиција.

Видеото стана вирално преку ноќ - прегледано е над 1,3 милиони пати, а сигурни сме дека објаснувањето на овој адвокат ќе ви звучи многу логично, но и дека никогаш не сте постапиле „правилно“, односно во согласност со неговиот совет.

„Еве едно прашање на кое никогаш не треба да и одговорите на полицијата, ниту за милион години, без да знаете за кое кривично дело сте осомничени. Тоа е она кога полицијата ќе ве запре додека сте во автомобилот, а полицаецот ќе ве праша: „Знаете ли зошто ве запрев?“, вели адвокатот на почетокот.

Прашањето е прилично безопасно и првиот импулс на повеќето луѓе е обично да одговорат искрено или да го наведат најмалиот прекршок што знаат дека го направиле, но излегува дека тоа е погрешен пристап.

„Доколку не можете да читате мисли, не знаете што точно му се врти низ главата на офицерот во тој момент, нели? Па зошто одговарате кога немате никакви информации од него?“, појаснува Хафези.

Ако мислите дека полицијата само сака да ја препознаете сопствената грешка, размислете повторно.

„Почекајте малку и слушнете ме. Проблемот со ова вообичаено, стандардно полициско прашање е што може да биде трик прашање“, посочува тој, додавајќи дека дури и ако полицаецот видел и има доказ дека сте направиле прекршок, ненамерно може да признаете друг прекршок.

„Замислете да не беше трик прашање и да не знаевте за каков прекршок сте обвинети и да одговоривте: „Затоа што поминав на црвено“, „Затоа што возев пребрзо“, „Затоа што јадев додека возев“. Штотуку признавте повеќе кривични дела, а полицаецот мислеше и можеби имаше доказ само за едно дело - под претпоставка дека воопшто имал на ум каков било прекшок“, вели адвокатот.

Така вашите шпекулации за тоа што мислел полицаецот се претвориле во признанија.

Адвокатскиот совет е да го задржите вашиот одговор едноставен, но љубезен. „Ве молам кажете ми“, треба да биде вашиот одговор на прашањето - „Знаете ли зошто ве запрев?“. Дополнителен одговор од службеникот ве става во подобра позиција да разговарате за потенцијалниот прекршок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk