logo
logo
logo

ОГРОМЕН КОНДОМ КАЈ КАМЕНИОТ МОСТ - Пораката не е она што го мислите

Vecer | 17.07.2026

ОГРОМЕН КОНДОМ КАЈ КАМЕНИОТ МОСТ - Пораката не е она што го мислите

Необична глетка ги изненади минувачите на кејот на Вардар, во близина на Камениот мост во Скопје. Поставен е џиновски кондом висок 2,2 метри и широк 60 сантиметри, како дел од урбаната уметничка акција на групата „Урбани уметнички акции“.

Но, наместо порака поврзана со сексуалното здравје, инсталацијата испраќа предупредување за дигиталната приватност. Во неговата внатрешност се поставени зголемени принтови од лични карти, возачки дозволи, платежни картички и други документи со чувствителни податоци.

Идејата на авторите е јасна – како што луѓето се грижат за заштита на своето здравје, така треба да внимаваат и на заштитата на сопствениот дигитален идентитет.

Од групата предупредуваат дека несоодветното споделување лични информации може да доведе до различни злоупотреби – од несакани реклами и пораки, па сè до кражба на идентитет, злоупотреба на банкарски сметки и земање кредити во туѓо име.

Тие апелираат граѓаните внимателно да ги чуваат личните документи, лозинките, броевите на платежните картички и другите приватни информации, особено кога станува збор за непроверени лица и интернет страници.

Преку провокативниот симбол, инсталацијата испраќа едноставна порака: во дигиталното време, заштитата на личните податоци е исто толку важна како и личната заштита.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk